За Нас
Нашата приказна трае речиси две децении, исполнети со многу успешни проекти ширум земјата и во странство. МАНС Гроуп нуди комплетни решенија од областа на металопреработувачката и дрвопреработувачката индустрија.
Ние нудиме секаков вид на ентериерно и екстериорно уредување за вашиот дом, изработено од метал и дрво. Во нашата компанија се изработуваат метални и дрвени огради, порти, врати, настрешници, тераси, платформи, маси, полици, хали, реконструкции на кровови, летниковци, скали, клуб маси и други видови на метални и дрвени конструкции дизајнирани по ваша желба.
Посветуваме посебно внимание на квалитетот, кој отпочнува уште при изборот на материјалите, изработката и завршува со контролата на квалитет на крајниот производ. Покрај понудените производи постои можност за изработка на секаков вид на метални и дрвени производи по ваш нацрт или фотографија, со димензии и боја по ваш избор.
Контакт
Контактирајте не на нашите телефонски броеви или социјални мрежи и бидете и Вие дел од задоволните купувачи кои се одлучија за квалитетен производ и професионална услуга.